Попладнево невремето во Ново Село урниса гнездо со млади штркови кое било на електричен столб. Според очевидци од четирите птици три преживеале од кои едното е со повредено крило. Ацо Крлев кој успеал да ги собере во неговиот семеен двор вели дека штрковите сеуште не летаат и бара од здруженијатада се најде решение за да се спасат овие млади птици.
,, Се јавив во повеќе здруженија па дури и во зоолошката во Скопје. Паралелно звонев и во ЕВН ако може да го санираат гнездото за да може повторно да ги качиме за да продолжат да живеат во гнездото. Сега ќе се обидам да ги нахранам,, вели Крлев кој апелира до сите да помогнат за да може овие птици да се вратат во својата природна средина