16 американски војници загинале во несреќа на голем товарен авион. Првично беше соопштено за осум жртви, пренесе Си-Ен-Ен.
Машината „Ц 130 – Херкул“ се разби во северниот дел на американската сојузна држава Мисисипи. Авионот извршувал рутинска мисија.
Паднал на 300 километри од аеродромот, што полетал. Причините за несреќата не се познати.
Авионот се урнал во близина на автопат, но за среќа на земја нема повредени.