• Mon. Nov 25th, 2024

Во недела ќе биде прекинато водоснабдувањето во Самоилово

ByЃ. K.

Oct 20, 2023

Се известуваат граѓаните на Самоилово дека во недела на 22.10.2023 од 09:00 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето во рок од 24 часа заради перење на бушотината и испитување на подземната структура, заради обезбедување чиста вода за пиење во Самоилово.

Советот на општина Ново Село донесе одлука за изведба на нова бушотина, покрај реконструкцијата на водоводниот систем, за што е потребна оваа интервенција во недела.

By Ѓ. K.