• Sat. Nov 23rd, 2024

Во недела „Комуналец„ започнува со голема акција за чистење отпад во градот Струмица

Во недела „Комуналец„ започнува со голема акција за чистење отпад во градот Струмица

Во акцијата е планирано да се испразнат сите контењери, да се исчисти сметот околу нив, како и да се исчистат сите мини депонии направени од несовесни граѓани низ улиците на градот.

За да не се повторува ваквата грда и лоша слика со мини депонии по улиците апелираме до сите граѓани кои имат секаков вид смет по дворовите и подрумите истиот да го извадат пред дворовите и да го пријават на телефонскиот број 13-110 во Сабота од 07 до 19 часот како и во недела од 07 до 12 часот и истиот ке биде подигнат во текот на акцијата.

Воедно истиот ден ке биде исчистена и трим патеката до манастирот Св. Илија како и просторите околу манастирот и Царевите Кули. Оваа се со цел да овозможиме пријатен престој и уживање во убавината на овие локалитети кои ќе бидат посетени од голем број граѓани за време на празникот Св Илија.

За да ја зачуваме природата чиста и убава укажуваме до сите посетители својот отпад да го фрлат исклучиво во кантите за отпад. Да дадеме допринос со тоа што сите својот отпад ќе го соберат во кеса и истата ја депонираат во најблиската канта за отпад

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *