Вечерва на полноќ истекува кампањата за вонредните градоначалнички избори во Ново село. Таму двајцата кандидати Никола Андонов од СДСМ и Николче Стоилков од ВМРО ДПМНЕ во текот на изминатиот период ги презентираа своите изборни програми пред жителите на општината кои во недела ќе се изјаснат кој кандидат ќе биде градоначалник до 2021 година. Тие во изјава за Канал ВИС информираа дека се задоволни како протекла кампњата за неделните избори . На прашање која ќе биде првата приоритетна задача и Андонов и Стоилков кажаа дека ќе работат на враќање на довербата на граѓаните во општината но и подобрување на условите за живот. Во општина Ново село според единствнеито избирачки список право на глас ќе имат околу 11 илјади граѓани кои ќе се изјаснуваат на 19 избирачки места.