• Fri. Nov 22nd, 2024

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за Неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *