Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти: двајца од Скопје (79 и 63), еден од Велес (58) и еден од Прилеп (67). Вкупно починати досега од КОВИД-19 се 38 лица.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1.
Како што соопштија од Министерството за здравство, денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјава сега изнесува 854 лица.