• Wed. Nov 27th, 2024

Во Домот на АРМ денеска се одржа стручна расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица

ByЃ. K.

Nov 14, 2023

По јавната расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година којашто се одржа на 6 ноември, денеска во Домот на АРМ се одржа стручна распрва по овој најважен урбанистички документ на Општината.

Како и на јавната така и на стручната расправа имаше голема заинтересираност од страна на стручната фела којашто потврди дека единствената тешка индустрија што ја има во Струмица е АД за неметали „Огражден“ и неопходно е во интерес на здравјето на граѓаните негово дислоцирање.

Целиот процес на носење на новиот Генерален урбанисти план на градот се одвива транспарентно и во согласност со законските прописи.

By Ѓ. K.