Europe House Струмица и библиотеката „Благој Јанков Мучето“ Струмица, вчера го одбележаа Светскиот ден на детето во Градската галерија – Струмица и со тоа го заокружија Карванот на читањето со деца од основните училишта од Струмица и регионот кој се одвиваше во изминатиот период.
Светскиот ден на детето е ден посветен на значењето на децата како најважни креатори на иднината. Создаден е со цел да се подигне свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат децата, како и промовирање на заштита и охрабрување на правата на детето ширум светот.