Во градинките во струмичко- радовишкиот регион се примаат децата но таму нема воспитно образовен процес. Вака соопшти регионалниот координатор на СОНК Никола Џорлев кој подвлече дека во градинките дел од вработените штрајкуваат но дел не. Од таа причина вработените кои не штрајкуваат ги примаат децата но не ги извршуваат своите работни задачи
,, Децата што ги донесоа родителите од сабајле се примени но не се во толку голем број. Децата се згрижени но таму не се изведува воспитно образовниот процес што значи не се извршуваа тработни задачи. Паралелно децата се групирани во поголеми групи. Морам да потенцирам дека станува збор за мала ројка на деца но и мал број на вработени во градините во Стурмица, Ново Село и Радовиш каде не се во штрајк,, вели во интервју за Канал ВИС Никола Џорлев регионален координатор на СОНК во Струмица