По 4. пат, Здружението на слепи лица од Гевгелија, вчера, го одбележа 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап со одржување на манифестацијата „Вешта жена 2023 година“. Во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, годинашната „Вешта жена“ беше отворена со обраќање на претседателот на Здружението на слепи лица, Лазе Трајков и секретарот Весна Аризанова, честитајќи го 15 Октомври.
За одржувањето на оваа манифестација, Трајков упати благодарност до Општина Гевгелија за поддршката преку Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на културата 2023 година. Имено, програмските активности по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап опфатија подготовка на традиционална храна од женските членови на Здружението, којашто беше презентирана на настанот.