• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Гевгелија и натаму само тројца заболени од КОВИД-19

Во Општина Гевгелија и натаму има само 3 заболени од KOВИД-19, поточно, исто колку и во изминатава недела. Последниот објавен позитивен случај во здравствената статистика на Министерството за здравство, од 7 август, потекнува од Богданци. Инаку, во општина Богданци има 2 позитивни, а во општина Дојран 3 заразени од КОВИД-19. Значи, во регионот што го покрива Центарот за јавно здравје – ПЕ Гевгелија во моментот има 8 активни случаеви на Корона вирусот.

            – Ние одлично се справивме со оваа криза, растегнувајќи ја епидемијата што подолго време, за да го заштитиме и здравствениот систем. Направени се 650 тестирања, што ни помогна на време да ги нотираме носителите на вирусот, да ги изолираме нивните контакти и да не дозволиме зголемување на бројот на инфицирани граѓани, вели раководителот на Центарот за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, д-р Сашо Олумчев, оценувајќи ја состојбата во регионот како стабилна.

            Во прилог на тоа, секако, зборува и фактот дека од 8-те активни случаи со КОВИД-19 во општините: Гевгелија, Богданци и Дојран, 7 се веќе во фаза на излекување. Додека, во самоизолација има 15 граѓани. Тоа не е голема бројка, нагласува д-р Олумчев, што несомнено потврдува дека состојбата наметната од пандемијата со Корона вирусот на крајниот југ од земјата е под целосна контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *