Во тричасовниот пожар, кој избувнал вчера попладне во атарот на село Дабиле, изгореа овоштарник со шупа, земјоделски машини, комбајн и балирана слама, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.
Причинета е голема материјална штета, а во гаснењето на пожарот интервенирале четири против пожарни возила и 12 пожарникари. Вчера струмичките пожарникари интервенирале уште еднаш кога гаснеле запалена сува трева и отпаден материјал во близина на селото Банско.