• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Врање се вакцинирале повеќе од две илјади македонски државјани

Во Врање се вакцинирале повеќе од две илјади македонски државјани

За време на изминатиот викенд на вакциналниот пункт во Врање се вакцинирале 927 македонски државјани. Според податоците објавени од српските здравствени служби досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија. Вакцинацијата како што соопштија српските власти се одвива без претходно закажување, а единствено што со себе треба да носат граѓаните е важечки документ за лична идентификација.

Освен во Врање, од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавиле дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа. За граѓаните се достапни вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *