Во населеното место Васлево во тек е реконструкција на улицата од поштата до повеќенаменското игралиште. Проектот опфаќа реконструкцијата и ревитализација односно асфалтирање на коловозната лента која ќе биде проширена и ќе изнесува 5,5 метри, изведба на тротоари односно пешачка патека, атмосферска канализација и осветлување со канделабри.
Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев е задоволен од динамиката со која се одвиваат планираните активности. Неговиот став е дека на терен континуирано се работи. Досега се поставени подземните инсталации односно атмосферската канализација и електро инсталацијата неопходна за уличното осветлување, а деновиве се поставуваат бетонските рабници, по што ќе следува изведбата на тротоарите и асфалтирањето на коловозна лента чија состојба во моментот е катастрофална. Уличното осветлување на оваа улица ќе биде решено со канделабри. Со комплетното реализирање на сите планирани активности граѓаните на населеното место Василево ќе добијат не само квалитетно туки у убаво, современо, урбано решение во централниот дел од населеното место, смета градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.
Вкупната должина на улицата изнесува 290 метри, ширината е 5,5 метри со тротоари од по 1,5 метри од двете страни, атмосферска канализација за прифаќање на атмосферските води и улично осветлување.
Вкупната вредност на проектот е 63 663 евра од кои 47 747 евра се финансирани од ЕУ како грант од ИПА предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП).
Согласно договорот со изведувачот, ДГТ „Жикол“ Струмица, улицата комплетно треба да биде готова до ноември 2018 година.
Паралелно со оваа тече и изградбата на улица во с. Сушево каде годинава ќе бидат изградени вкупно две улици. Во текот на оваа градежна сезона планирана е изградба на уште неколку улици во другите населени места за кои општина Василево обезбеди средства од сопствениот Буџет.