• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Валандово поставена мерна станица која навремено ќе алармира за природните непогоди

Завршена е целосната реализација на проектот “Construction of systems for prevention and early warning of flood“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија.

Во проектот како партнери се вклучени две општини во прекуграничниот регион, општина Валандово од Р. Македонија и општина Кресна од Р. Бугарија.

Целта на проектот беше поставување на мерни станици во двете општини, со кои активно ќе се следат природните прилики и навремено ќе се алармира на природните непогоди. Мерните станици ќе ги бележат промените на параметрите на водостојот и количеството врнежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *