Изложбата со наслов „100 мали слики“ беше отворена во галеријата „Марк Минјау“ во центарот на Брисел, каде што нашиот мултимедијален уметник и филмски режисер Киро Урдин претстави инсталација што го обединува цртежот и сликарството.
Истата ќе биде изложена и во галерии во Њујорк и Токио по завршувањето на тековната изложба. Името на изложбата е во согласност со бројот на мали слики кои беа претставени.
Посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат изложбите до 4 февруари.