• Sat. Nov 23rd, 2024

Војвотката Камила лансира книжевен клуб на „Инстаграм“

Војвотката од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс, Камила Паркер-Боулс, отвори свој профил на „Инстаграм“ @duchessofcornwallsreadingroom, каде што ќе открива нови книги и ќе ја споделува радоста од читањето со своите следачи.

73-годишната војвотка од Корнвол почна со објави на социјалната мрежа на 31 декември.

Инстаграм-страницата, со наслов „Читалница“, веќе има над 24.000 следачи и има направено седум објави откако е отворена пред помалку од една недела.

Во описот на страницата стои: „Придружете ѝ се на војвотката од Корнвол во ‘Читалницата’, откријте нови книги и запознајте ги извонредните луѓе што ги создаваат. Првата сесија почнува на 15 јануари“.

Првата препорака на Камила за книга е „Детето, кртот, лисицата и коњот“ (The Boy, the Mole, the Fox, and the Horse) од Чарли Мекеси, која таа ја опиша како топла, смешна, трогателна и убаво илустрирана.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *