• Sun. Nov 24th, 2024

Волонтери од Фондација „Елеуса“ учествуваа на работилницата „Сите сме исти, сите заслужуваме радост“

ByЃ. K.

Apr 2, 2024

Волонтери од Фондација „Елеуса“ зедоа учество на денешната работилница „Сите сме исти, сите заслужуваме радост“ што ја организира Здружението „Говор на срцето“ заедно со нивните соработници.

Во дворот на Етно село Босилово се одржа инклузивната работилница за изработка на слики, украси и обука за готвење.

Изработките беа од продажен карактер, а собраните средства од базарот ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Во склоп на настанот се одржа и дебата на која учесниците дискутираа за поголемиот ангажман на граѓаните во подигнување на свеста за поголемо прифаќање на лицата со посебни потреби, како и за потребата обезбедување подобри услови за нивно интегрирање во општеството.

By Ѓ. K.