Црвен крст Струмица свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со делење цвеќе од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин.
Подароците беа поделени на повеќето жени кои беа затекнати како минувачи и на пациентите во Општа Болница Струмица од страна на волонтерите на Клубот на млади.
„Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното секојдневие, нека бидат неизмерно среќни, задоволни и сакани“, порачаа од Црвек крст Струмица.