Во периодот на топлотниот бран кој го зафати нашиот регион, волонтерите на ЦКРСМ ОО Струмица во соработка со општина Струмица делеа вода на 4 пункта во градот. Само денес се поделија 800 шишиња вода, а во периодот што следува ќе се продолжи со оваа акција сѐ додека трае топлотниот бран. Најмногу внимание се посветува на постарите лица на кои покрај шишенце со вода му беа споделени препораки за зачувување на здравјето.
Пунктовите беа стационирани на:
Главен влез на ГТЦ Глобал;
На булевар Маршал Тито,кај супермаркет Тинекс ;
На плоштад Гоце Делчев;
Во турското маало;