• Fri. Nov 22nd, 2024

„Вози одговорно!!! Вози одморен!!!“

Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција а во партнерство со РСБСП и млади волонтери во РСБСП, денеска, на релација Струмица – Граничен Премин „Ново Село“ на магистралниот пат А4,  ја реализираше летната кампања –  2021 која се одвива под мотото: „Вози одговорно!!! Вози одморен!!!“.

Целта на летната кампања е подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста кај возачите  како учесници во сообраќајот за влијанието на високите летни температури и на заморот на способноста за управување на моторно возило.

„Апелираме до возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и да прават почести паузи, бидејќи сообраќајните незгоди кои се последица на заморот можат да завршат фатално“, велат од СВР Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *