На 08.06.2023 во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Еднокуќево и Моноспитово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(29) од село Еднокуќево и мопед без регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од село Еднокуќево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.