Пивка вода е вода која во себе содржи многу мала концентрација на растворени соли и други материи. Тоа е многу важен ресурс, неопходен за опстанокот на повеќето сувоземни животни. Пивката вода покрај другото е неопходна за човекот за пиење и наводнување во земјоделието.
Пивката вода може да се најде во езерата, реките и во издани (подземни природни резервоари). Пивката вода се создава при процесот на испарување на големите океански и морски површини, кондензација на честичките на водена пареа во атмосферата и потоа во вид на врнежи од дожд и снег се складира во природните резервоари на пивка вода (езера, реки, издани). Други големи резервоари на пивка вода се ледените глечери на високите планини, како и поларните капи на северниот и јужниот пол.
Реките што ги гледаме, езерата во кои што пловиме, мочуриштата на кои што наидуваме – таму се каде што се заради физичката географија којашто ги опкружува
. https://www.youtube.com/watch?v=XjQFbjnMWh8