• Fri. Nov 22nd, 2024

Воведена забрана за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево

By

Jan 10, 2022

Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – плaнински премин Стража – Кичево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските премини Стража, Буково и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60м. има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80м. на планинскиот премин Буково.

извор:https://www.publikum.mk/vovedena-zabrana-za-kamioni-na-patnite-pravci-mavrovo-debar-i-gostivar-strazha-kichevo/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *