Викендов се одиграа натпреварите од второто коло на ПМФЛ и првото на ВМФЛ. Стандардно, Судиската комисија при ФФМ ги анализира спорните моменти од натпреварите во прволигашкото и второлигашкото друштво.
Единствената грешка на судиите е од Струмица. Стојан Трпчевски и асистентите донесоа погрешна одлука кога во 27. минута поништија гол за Беласица против Пелистер, а потоа добро проценија дека има пенал за битолчани.
Целосната Судиска анализа е достапна на ОВОЈ линк.