ВМРО ДПМНЕ ги објави имињата на кандидатите за градоначалник во останатите општини од југоистокот откако претходно ги откри имињата за Струмица, Валандово и Радовиш. За овие три општини нивни адути како што е познато на јавноста се Марјан Бајрактаров, Николче Чурлиновски и Сашко Николов од кој Чурлиновски ќе атакува на 4 мадат во Валандово а Николов на нови четири години во Радовиш
Централното раководство на партијата ги соопшти кандидатите и во останатите општини од југоистокот каде нема нови имиња за градоначалничката фотелја со исклучок на Богданци каде Анастасија Олумчева нема да биде кандидат. Таму ВМРО ДПМНЕ ќе трча со Никола Роглев.
Во Гевгелија ВМРО ДПМНЕ ке оди со Иван Франгов кој претендира за трет мандат, во Дојран адут на партијата е Борче Стамов кој доколку ја добие довербата на дојранчани ќе му бида втор мандат.
Ниту во струмичко радовишкиот микро регион нема нови имиња за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ . Во Василево кандидат е Ванчо Стојанов, Во Босилово Лучо Колев. Тие ќе атакуваат на трет последователен мандат. Во Ново село кандидат за градоначалничката фотелја е Блажо Велков додека во општина Конче Благој Јованов кои претендираат за дополнителни четири години водење на овие општини
,,Станува збор за проверени и искусни кадри кои зад себе имаат оставено и реализирано повеќе проекти во интерес на граѓаните,, стои во објаснувањето на ВМРО ДПМНЕ за предложените кандидати кои според интерните анкети имале водство и доверба кај членството и заедницата
Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатурите до ДИК која во рок од 48 часа ке мора да потврди дали кандидатите што претендираат ги исполнуваат условите