• Fri. Nov 22nd, 2024

Владо Илиевски ја почна ,,борбата” за смена на Наумоски и подобра кошарка во Македонија

ByВане Трајков

Jan 10, 2018

Струмичанецот Владо Илиевски, еден од најдобрите македонски кошаркари, денеска и официјално ја почна процедурата за смена на  актуелниот претседател на МКФ  Петар Наумоски. Како што објави на својот ФБ профил денеска ја поднесол иницијативата за свикување на вонредно собрание на кое треба да се изгласа недоверба на Наумоски.

„Иницијативата е поднесена. Продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија“, напиша Илиевски на Фејсбук, сликајќи се пред просториите на Федерацијата.

Поднесената иницијатива содржи потписи од голем број клубови, но како што пренесоа дел од спортските портали, зад иницијативата ги нема имињата на КК Струмица но и прволигашите Куманово, Шкупи и Фени индустри. 

Од денеска Петар Наумоски  има рок од две недели да го свика вонредното собрание. Владо Илиевски е единствен кандидат за претседател откако Даниел Димевски се откажа, но доброупатените тврдат дека можно е по смената на Наумовски да се појави ново име.

Владо Илиевски лани ја заврши успешната играчка кариера, во текот на која настапуваше за некои од најголемите европски клубови, како Барселона, Монтепаски, Ефес и Болоња, но она со што си обезбеди златно место во историјата на македонската кошарка се заслугите за освојувањето на четвртото место на репрезентацијата на Европското првенство 2011 во Литванија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *