Владите на Република Бугарија и Република Македонија ќе одржат заедничка седница на 23. ноември во Струмица.
На седницата ќе се разгледуваат теми од заеднички интерес и во фокусот на разговорите ќе бидe напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји, објави владината прес-служба на Бугарија.
Средбата на двете Влади ќе заврши со положување на цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски.
Договорот за добрососедство и соработка беше потпишан за време на официјалната посета на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во Скопје, на почетокот на август