Владата попладнево на седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост во Република Северна Македонија поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба.
Државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.