Вкупно 279 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава во акциска контрола на МВР за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.Како што информира МВР, седум возачи управувале возило со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Притоа 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место. – Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.
Извор: МИА