Вклучена греалка е причина за вчерашниот пожар во зградата на улицата Ристо Чавдаров во Гевгелија. Шестиот кат на кој имало шест станови и кровот целосно изгореа откако настанал електричен спој од греалката во станот кој е во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а бил изнајмен на потстанар кој неколку денови не бил во станот бидејќи му била исклучена струјата од ЕВН. Тој ниту е вратен во станот, ниту знае за настанатата штета. Пожарот го забележале соседите. Тие ја повикале противпожарната единица.
Поради силниот ветер во гаснењето ан пожарот учествувале 6 противпожарни возила и 27 пожарникари од единиците од Гевгелија и Дојран, но опрема е користена и од Валандово и Неготино. Борбата со огнот траела речиси седум часа. Засега нема проценка на штетата. Општина Гевгелија најави помош за семејствата кои останаа без домови.