• Mon. Nov 25th, 2024

Високите температури штетни за вработените кои работат на топлотниот бран

ByЃ. K.

Jul 21, 2023
A portrait of woman in front of fan suffering from heat holding thermometer. Hot weather concept

Високите температури кои ја зафатија целата држава може да влијаат на повеќе начини врз вработените доколку работат во услови на топлотен бран.

Загревање на телото, потење, колабирање, губење на свест се некои од состојбите кои може да се појават. Лекарите апелираат строго да се почитуваат препораките издадени од владата и да не се изложуваат работниците директно на сонце, особено градежните работници.

Лекарите апелираат на претпазливост на ризичните групи, да ги почитуваат мерките и препораките, редовно да ја земаат својата терапија бидејќи и во периодот кој следи температурите ќе бидат претежно високи.

Прилог на Ивана Вангелова

By Ѓ. K.