Одбојкарките на Виктори волеј заслужено славеа против тимот на Пелистер од Битола кој во Струмица се закани но немаше сила за изненадување. Струмичанки го добија овој меч со 3:1 во сетови и се пробија на четвртата позиција која носи плеј офф разврска за шампионската титула
Струмичанки добро го почнаа дуелот. Првиот сет го добија со 25:14 . Во вториот попуштија но сепак во финишот смогнаа сили и го добија со 25:22. Потфрлија во третиот сет, кога битолчанки стегнаа заби и го добија со 25:19. Во четвртиот домаќинките не дозволија сензација па со 25:13 ставија крај на мечот за нови три бода во Партизан
Виктори Волеј има сериозни шанси да се зацврсти на четвртата позиција и да се избори за плеј офф пресметка но паралелно размислува и за мечевите од КУПОТ