• Fri. Nov 22nd, 2024

Виктори Волеј утре против Фит фан во Партизан за пласман мегу најдобрите во Македонија во пионерска конкуренција

Утре во спортската сала ,,Партизан,, во Струмица, пионерскиот состав на ,,Виктори Волеј,, ќе ги одмери силите со скопскиот пионерски тим ,,Фит Фан Волеј,, за пласман меѓу најдобрите осум  екипи во Македонија. Станува збор за надежна генерација на млади одбојкарки од Струмица кои со својата работа и резултати од одиграни турнири покажа квалитет и сила да бидат меѓу најдобрите пионерски екипи во државата. Според прогнозите, утрешниот дуел, закажан во 12 часот во салата Партизан ќе биде доста неизвесен бидејки и двата тима сакаат пласман во завршницата од првенството во пионерска конкуренциј . Со оглед дека станува збор за млади одбојкарки, на утрешниот дуел, подршката од трибините ќе биде повеќе од потребна.

Инаку ,,Виктори Волеј,, е најмладиот одбојкарски клуб за девојки во Струмица и за кусо време покажа дека во сопствените редови сериозно и професионално се работи и веќе има девојчиња кои можат да се носат и во повисок ранг на натпреварување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *