Одбојкарките на Виктори Волеј ја забележаа втората едноподруго првенствена победа во прволигашкиот шампионат на Македонија каде оваа сезона за првпат настапуваат. По победата над градскиот ривал Наковски волеј, избраничките на Кире Јанков славеа победа и во Штип против составот на УГД.
Струмичанки забележаа победа во драматичен и неизвесен натпревар кој се играше во пет сетови. Почнаа фуриозно добивајки ги првите два сета со 25:23 и 25:21. Откако поведоа со 2:0 струмичанки дозволија УГД да се врати во игра. Го загубија третиот сет со 25:15 но и четвртиот 25:21. Во последниот одлучувачки сет сепак екипата на Виктори Волеј не дозволи целосен пресврт. Со резултат од 15:13 славеше со 3:2 во сетови освојувајки два поени на тешкото гостување во Штип.
По две кола Виктори Волеј има 5 бода и се наога на третата позиција во шампионатот зад тетовските екипи Универзитет Тетово и Бами Кор со кој се среќаваат во третото коло на 4 ноември во салата Партизан.