Одбојкарките на Виктори Волеј го изненадија и со својата игра го шокираа Бами Кор во Тетово кој мораше да се помири со убедлив пораз пред своја публика. Струмичанки со одлична игра во сите три сета ги принудија домаќинките да се ,,предадат,, а го приредија и најголемото изненадување во третото коло од првата женска одбојкарска лига на Македонија
Борбено, сконцентрирано и мудро во сите три сетови одиграле девојките на Виктори Волеј. Победата ја најавиле уште во првиот сет, за кој се избориле со 26:24. Во вториот биле далеку поубедливи и со седум разлика 25:17 повеле со 2:0 во сетови . Во третиот Бами кор кој немаше пораз досега, се разбудил и се обидел да го продолжи мечот, но младите струмичанки со својата пожртвувана игра ставиле точка на натпреварот со 25:23 и конечни 3:0 во сетови
Ова е втора победа на Виктори волеј откако во второто коло дома ги надиграа битолчанки. Во првото беа слободни. Со 6 бода помладиот струмички прволигаш Виктори Волеј без изгубен сет се проби на врвот од табелата