• Fri. Nov 22nd, 2024

Викенд без ДДВ

By

Oct 10, 2020 #викенд, #ддв

Почна Викендот без ДДВ, мерката од четвртиот пакет антикризни мерки на Владата. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет.

Засега околу 350 000 граѓани можат да ја користат оваа мерка. Тоа е бројката на регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки. Проекциите на Владата се дека во овој продолжен викенд со мерката ќе се направи вкупен промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните повратот ќе биде околу 17 милиони евра.

извор:http://slobodnaevropa.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *