Само за овој викенд од донесувањето на првите протоколи за организирање на веселби, од НУК информираат дека и покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ државава се организираа или е во тек организација на повеќе од 100 свадби, веселби, родендени и останати прослави.
Независната угостителска комора формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија овозможувајќи на сите без дополнителен надомест да ги пријават односно евидентираат своите прослави согласно барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби.