Викендов на македонските фудбалски терени видовме несекојдневна и малку необична ситуација.
На натпреварот меѓу Брера Струмица и Воска Спорт кој домаќините го добија со 2-0, четврти судија на мечот беше Ирена Велевичковска која е сопруга на фудбалерот Александар Ристевски кој настапува за струмичкиот тим, објави „Штипски Асови“.
„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, кажа Ристевски за „Штипски Асови“.
Фото: Штипски Асови