Со победата над Охрид АВ во претпоследното коло од Плеј аут лигата, кошаркарите на Струмица обезбедија опстанок во Првата лига и за следната натпреварувачка сезона. Првиот човек на клубот Лефтер Андонов вели дека целта е остварена за оваа сезона бидејки клубот претрпел организациски промени како во управата така и во стручниот штаб.
Тој најави дека сега ќе се направи стратегија за следната сезона со цел да се врати сјајот на струмичката кошарка и КК Струмица биде тим кој ќе донесе радост на лубителите на овој спорт. Според Андонов плановите се да се направи екипа која во 2017/2018 ќе биде во плеј офот…