,,Членството во Нато и ЕУ директно го гарантира растот на македонската економија. Ќе се зголемат приходите на граѓаните, бидејки ќе има поголеми инвестиции со што ќе се отворат нови работни места ,, вели градоначалникот на Василево Марјан Јанев во пресрет на референдумското изјаснување истакнувајки ги предностите за граѓаните од зачленувањето на државата во европското семејство и северноатлантската алијанса
Според Јанев вкупната годишна европска помош изнесува 90 милиони евра а со членството ќе има повеќе средства за инфраструктура, за зајакнување на границите, за земјоделството, за реформи во полицијата и судството….