Ученичките при ООУ,, Видое Подгорец,, од Колешино – општина Ново село се државни прваци на Македонија во футсал ( мал фудбал) . Ученичките од ова училишта предводени од наставникот Спаско Миков одиграа повеќе од 20 натпревари во државната училишна лига каде нижеа само победи без пораз – натпреварување под капата на Федерацијата за училишен спорт и едно реми на малите олимписки игри натпреварување под капата на АМС. За овој успех денеска добија и признанија на патронот од директорката Слаџана Радојчиќ.
Инаку ова училиште, кога станува збор за женскиот фудбал последниве години е постојано во врвот во државата и расадник на млади надежни квалитетни фудбалерки. Еве го распоредот по трите одржани турнири а повеќе за успесите на училиштетот ,,Видое Подгорец,, во футсал во емисијата ВИС СПОРТ во понеделник на Канал ВИС
1.ООУ “Видое Подгорец“ с.Колешино-Струмица 10 бода
2.ООУ “Димитар Ангелов-Габерот“ с.Ваташа-Кавадарци 6 бода
3.ООУ “Кочо Рацин“ Кратово 6 бода