• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Утре првото струмичко женско одбојкарско дерби меѓу новиот прволигаш Виктори волеј и Наковски волеј

ByВане Трајков

Oct 20, 2017

Викендов стартува новиот одбојкарски шампионат на Македонија во машка и женска конкуренција. Ова сезона Струмица ќе има дури 4 преставника од кои три во женска конкуренција и актуелниот шампион Струмица во машка.

 Од утре на одбојкарските терени се појавува и новиот струмички прволигаш Виктори Волеј кој ќе дебитира во Првата женска одбојкарска лига. Ждрепката посака прволигашкото кршетвање да го има против Наковски Волеј клуб кој лани дебитираше во Првата лига. Дуелот мегу Виктори и Наковски е закажан во спортската сала Партизан со почеток во 17 часот додека Македонија Макс го пречекува тимот н УГД од Штип во 14 часот во салат ана Видое Подгорец

Виктори Волеј како нов прволигаш за новата сезона се засили со три искусни одбојкарки Елена Илкова, Верица Василева и Пале Димитриева додека останатите се од младинските погони. Но ниту Наковски волеј не седеше,,мирен,, за оваа сезона ги донесе Марија Лазарова, Марија Ричлиева и Деспина Ѓеоргиева а останува составот од лани.

Според Андон Василев дуелот меѓу Виктори Волеј и Наковски Волеј ќе биде доста интересен натпревар…….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *