Мерката Мој ДДВ ги дава очекуваните резултати рече пратеникот од СДСМ Костадинов кој се вклучи во кампањата за промоција на ова владина мерка. Според него од пуштањето на мерката заклучно со 05 овој месец скенирани се 8.5 милиони сметки.
Дополнително приливот по основ на ДДВ за месец Јули оваа година е 4.963.000.000 денари што е за 10% повеќе во однос на Јули 2018 година рече Костадинов