• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео – Предадени реконструирани Домови на култура во неколку населени места во општина Струмица

ByВане Трајков

Sep 22, 2018

Општина Струмица ја заврши реконструкцијата на домовите на културата во пет населени места, Костурино, Дабиле, Попчево, Просениково и Добрејци. Градоначалникот Коста Јаневски, ги посети реконстриураните домови во Костурино, Попчево и Дабиле и клучевите од домовите им ги предаде на претседателите на месните заедници, со што тие и официјално се во служба на граѓаните. На предавањето на клучевите на Бончо Божиков, претседател на месната заедница на Дабиле, градоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица ќе продолжи и понатаму со реализација на проекти со цел приближување на квалитетот на животот во населените места до градската средина

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *