Прилепска Победа го сруши митот дека стадионот Младост е неосвоива тврдина кога игра Академија Пандев а која го доживеа првиот пораз сезонава пред своја публика . Мирослав Станиќ донесе радост за прилепчани кои од Струмица си заминаа со цел плен а пандевци го претрпеа вториот едноподруго пораз по Ренова во претходното коло
Ретко кој очекуваше да ,,падне,, Младост, но се случи откако пандевци не го најдоа вистинскиот пат до мрежата на Победа. Со овој четврти пораз, Академијата на Горан Пандев падна на 4 тата позиција со натпревар помалку заостанувајки бод од Силкес, два од Вардар и дури 13 од тетовска Шкендија
Фото www.ekipa.mk видео -tv. ffm.mk