Градоначалникот Костадин Костадинов со видео обраќање ги информира граѓаните дека Општина Струмица деновиве објави јавни повици за невработени лица преку кои финансира лични асистенти за ученици со индивидуални потреби.
Тој потенцираше дека Струмица е првата општина во Македонија во која се отвори клуб за деца и младинци со Даунов синдром. Тие имаат потреба од неговател или негователка и за истото е распишан втор јавен повик.
Градоначалникот Костадинов апелираше граѓаните да се пријават, да стекнуваат нови вештини, да помагаат и заеднички да ја направиме Струмица најпосакуван град за живеење.