Наместо 520 квадратни метри како досега, општинската зграда на Ново Село ќе има 1300. Ова го најавува градоначалникот Боро Стојчев, кој вели дека како општина се најоддалечени од Струмица, па оттаму и потребата за отворање повеќе подрачни единици на министерствата.
Во склоп на зградата, локалната власт, планира и изградба на кујна во која би се подготувале оброци за најсиромашните жители. Парите за тоа биле обезбедени од исселениците.
Парите за реконструкција и доградба на општинската зград во висина од околу 260 илајди евра биле обезбедени преку Европските фондови и Европската банка за обнова и развој.