Наковски Волеј ги запали моторите во годинашново првенство. Откако во првото коло ,,кикснаа,, од дебитантот Виктори, сметката ја платија битолчанки. На гостувањето во Битола избраничките на Хари Наковски славеа со 3:1 во сетови против Пелистер Волеј
Дуелот од второто коло не го започнаа најдобро. Го загубија првиот сет со 25:20 но потоа ја смирија својата игра и не дозволија нов кикс. Следните три сета со одлична игра ги добија со 25:21, 25:22 и 25:18 славејки на крај со 3:1 во сетови
Наковски волеј ги освои првите три бода во шампионатот а следното коло играат со тимот на Универзитет Гоце Делчев од Штип.
https://www.facebook.com/zoran.paketov/videos/1493774417371778/